Image default
Вести Македонија

Голем интерес за собирање споредни шумски плодови во Кривопаланечко

Вкупно 72 дозволи за собирање споредни шумски плодови биле издадени на физички лица од Општините Крива Паланка и Ранковце од страна на Јавно претпријатие „Македонски шуми“- Подрачно шумско стопанство „Осогово“, во тековната сезона.

– Собирањето на споредни шумски плодови: боровинки, дренки, шипки, чаеви, печурки, малини и капини на територијата на двете општини е традиција и овој крај е познат по чистата и незагадена природна средина каде се собираат и потоа плодовите се даваат на откуп, изјави Зонко Груевски, директор на ЈП „Македонски шуми“-ПШС „Осогово“, Крива Паланка.

Тој наведе дека, покрај 72-те дозволи издадени на физички лица, од страна на службите, биле информирани и постојните, вкупно шест, сопственици на приватни откупни центри за споредни шумски плодови, од кои со четири се склучени договори оваа сезона.

– Може и поголем број индивидуални собирачи на плодови да се стекнат со дозволи и да ги искористат ресурсите со кои располага ова поднебје, посочи Груевски.

Ред и контрола на терен воспоставуваат шумочуварските служби и од шумското стопанство, како и шумската полиција.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

По 100.000 денари од Град Скопје за семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Весна Крстева

Вистинските сопственици на фирмите од следната година ќе ги регистрира Централен регистар

Габриела Додевска

Изгоре куќа во битолската населбата Баир

Вања Мицевска