Image default
Вести Македонија

Тепачки, напади на полицајци и пријави за кривопаланчани на собор во село Псача

Вчера попладне околу 17. 30 минути пред црквата Свети Никола во село Псача, кривопаланечко, тројца полициска службеници забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицата Н.Д и Т.Д од Крива Паланка и Н.Д од село Псача. При преземање мерки В.М, А.М и Р.М  сите од Псача физички ги нападнале полициските службеници. Од очевидци дознаваме дека на настанот претходела расправија меѓу лица под дејство на алкохол на селскиот собор кој секоја година се одржува по повод празникот Илинден. Откако полициските службеници го забележале инцидентот веднаш се упатиле да ги разделат учесниците во тепачката при што тројцата жители на село Псача физички ги нападнале полицајците.Со искината кошула,повреди на вратот и рацете,завршиле униформираните лица кои за кратко време успеале да ги  приведат учесниците а на помош пристигнала и сообраќајната контрола од ПС Крива Паланка. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку нападите врз полицајците во Крива Паланка не се непознати за јавноста. Во декември лани полициски службеници доживеале вистинска драма откако цело семејство од село Одрено, Општина Ранковце, ги нападнале кога се обиделе да им го одземат тракторот кој бил натоварен со дрва и немал соодветни документи. Кога интервенирале полицајците еден член од семејството со метална шипка удрил еден од нив, неговата сопруга го каснала другиот полициски службеник во пределот на раката, а едниот син малолетник со рака го удрил полицаецот во пределот на телото. Напаѓачите биле приведени и задржани во полициска станица Крива Паланка. Во јули при интервенција на полициски службеници поради претходно нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со двете тупаници 4 пати во пределот на градите.Најсвежата информација е кога во мај кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол навредувал и се заканувал на полициски службеници.

Билјана Тошевски

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Саудиски принц тврди дека Кашоги бил опасен исламист

Трајче Гогов

МВР потсетува-Казната за неовластена употреба на пиротехнички средства е од 200-500 евра

Габриела Додевска

400 луѓе завршија во болница, а двајца починаа од валкани клима уреди

Габриела Додевска

Штип:Татко го нападнал и повредил сопствениот син

Весна Крстева

Уметници од регионот на Ѓуришката ликовна колонија

Кире Андонов

Поради недостиг на пари, светот може да ја изгуби контролата над СИДА-та

Трајче Гогов