Image default
Вести Македонија

Штип распиша оглас за Програмата за општокорисна работа

Општина Штип и годинава е дел од Програмата за општокорисна работа. Раководителот на Секторот за јавни дејности во општина Штип, Билјана Казанџиска на денешната прес-конференција рече дека со оваа програма ќе бидат опфатени вкупно 10 невработени лица кои ќе работат со скратено работно време во период од девет месеци.

– Право на учество во Програмата имаат сите невработени лица. Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање образовни асистенти – пет извршители, со завршено високо образование од областа на педагошките студии, наставни профили, педагогија, психологија и дефектологија, потоа негуватели во детски градинки вкупно тројца извршители со завршено средно образование и негуватели за потребите на Дневниот центар за деца со аутизам, вкупно двајца извршители со завршено средно образование, рече Казанџиска.

Таа додаде дека за кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата е предвиден паричен надомест во висина од 9.000 денари месечно.

Заинтересираните лица пријави за програмата можат да поднесат во Агенцијата за вработување во Штип од 1 до 14 август  годинава, а  огласот ќе биде објавен на официјалната интернет страница на општина Штип, на огласната табла во Агенцијата за вработување и во Центарот за социјални работи-Штип.

Програмата за општокорисна работа се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, УНПД и општина Штип.

 

Извор:МИА

Поврзани вести

Судењето за „Титаник 3“ продолжува на 18 октомври

Трајче Гогов

Шпанскиот премиер повикува на нов референдум за Брегзит

Вања Мицевска

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно побара избори, техничка влада и претседател на ДИК по нивни избор