Image default
Вести Свет

Убиени 300 крокодили во Индонезија поради одмазда

Локалните жители во едно село во Индонезија вооружени со ножеви, чекани и стапови ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смрт на маж кој бил убиен од крокодил на една фарма за крокодили.

Зегин

Според, шефот на Агенцијата за заштита на природни ресурси на Индонезија во Западна Папуа, 48 -годишната жртва влегла на фармата за крокодили и веројатно собирал трева за да ја нахрани стоката кога животното го нападнало.

Зегин

– Вработените слушнале дека некој вреска и бара помош, бргу отишле таму и виделе дека крокодил напаѓа некого – соопшти Агенцијата.

По закопот на мажот во саботата, локалните жители влегле во фармата и ги убиле сите крокодили.

Поврзани вести

Франција нов светски шампион

Смртоносната пештера во Тајланд ја однесе првата жртва (видео)

Саем за воннаставни програми и активности за деца и млади „После часови“ на 1 септември