Image default
Вести Македонија

Трет човек ќе го гаси пожарот во Центарот за социјални работи во Штип

Трет човек од внатре како в.д. директор е решението за спорот во штипскиот Центар за социјални работи. Откако досегашната в.д. директорка Сузана Цветкова еднострано го одјавила во Агенцијата за вработување нејзиниот наследник, колегата во Центарот Станко Димитров, Министерсатвото за труд и социјална политика одлучило да ја именува Златка Иванова за времен директор додека се расчистат состојбите, а Димитров повторно да го добие статусот на вработен во институцијата. Иванова е една од нововработените кадри со промената на власта. Случајот вчера се најде во центарот на штипската јавност по невообичаениот потег, откако досегашната в.д. директорка Цветковска на своја рака, кршејќи го законот, го одјавила Станко Димитров, кој е пак на година и пол пред пензија. При тоа, Димитров бил одјавен во Агенцијата за вработување, без да му биде врачено решението за отказ и без да го искористи правото на жалба.

Зегин

За оваа постапка на Цветкова не знаело ниту надлежното Министерството за труд и социјална политика, кое вчера на Димитров му доставило решение за нов директор. Поради тоа што институцијата е доведена во ситуација кога новименуваниот директор не може да депонира потпис, најдено е преподно решение во именувањето на нововработената, кадар на СДСМ, Иванова. Веројатно последниот развој на настаните, само ги истакнаа последиците од изразеното ривалство на двајцата докажани кадри на СДСМ – Цветкова и Димитров. Спорот го расчистуваат и управни и трудови инспектори, кои вчера и денеска беа во Центарот. Димитров е на своето работно место, додека Цветкова како што сме информирани, користи годишен одмор.

Зегин

Поврзани вести

Најверојатно Џонсон ќе биде под партиска истрага поради коментарите за бурките

Алонсо одбил понуда од Ред Бул

Причините за смртта на родилката во штипската Клиничка болница се уште се истражуваат

Кире Андонов