Image default
Вести Македонија

По холандските средношколци, ѓубрето пред Клинички во Скопје ќе го чистат и уметниците

Малите депонии создадени од низа отпадоци во Клиничкиот центар во Скопје, утре ќе бидат исчистени од дел од уметниците во земјава.

Зегин

Веќе извесно време, никој не го чисти ѓубрето од дворот на интерните клиники, а состојбата е влошена откако истекол договорот со приватната компанија која ги одржувала надворешните површини. Организирајќи се преку социјалната мрежа Фејсбук, уметниците денеска решија да ги преземат работите во своите раце.

Зегин

Тие најавија дека акцијата за чистење ќе започне утре во 10 часот пред влезот на Клинички центар. Најавуваат дека ќе носат црни ќеси и ракавици, но ги повикуваат своите колеги кои сакаат да им се придружат да земат и нешто дополнително.

Завчера, по своја иницијатива, ѓубрето го чистеле средношколци од Холандија, кои биле ангажирани да ги украсуваат ѕидовите во Детска клиника.

Related posts

Една година затвор за дедото на Тамара, кој пукаше во Тодоров

Вања Мицевска

Дневен билтен на Општина Штип – 22.05.2018

Моја Општина

И во наредните денови локални поројни врнежи