Image default
Забава

Беквалац ги изненади фановите: Драстични промени на својот изглед

Наташа Беквалац откако во април годинава преживеа семејна драма и беше претепана од својот поранешен сопруг Лука Лазукиќ пред неполн месец се врати на сцената и во јавноста како што вели пејачката посилна од било кога.
Беквалац од породувањето, но и од семејното насилство се опоравува во кругот на најтесното семејството, а како последица на семејната драма таа драстично го промени својот изглед.

Зегин

Имено откако повторно се појави во јавноста фановите веднаш реагираа како пејачката драстично ослабела и го променила физичкиот изглед, погледнете.

Зегин

Инаку Наташа Беквалац се вратила на она што најдобро го знае и работи и што најмногу сака – музика. За есен подготвува нови песни, а стиховите кои ги објави на Инстаграм, ги заинтригирала следбениците.

Пеачката во еден дел од од песната вели: “Јас сум кралица на тагата и Пирова победа…”

Реакцијата на нејзините фанови, но и сите останати кои ја следат на Инстаграм се одлични. Изгледа дека Наташа навистина им недостасува. За пеачката оваа година беше многу тешка. Пред неколку месеци беше жртва на напад од Лука Лазукиќ од кого ја има ќерка Катја.

После немилите настани Наташа се соочува со судски процес кој е во тек, а враќање на музичката сцена ги уверила сите дека умее да биде јака и кога не е лесно да се биде силен.

Инаку судењето на Лука Лазукиќ почна минатата недела во Првиот основен суд во Белград, а на рочиштето присуствуваа и тој и Наташа Беквалац, на кои тоа им беше прва средба очи во очи после семејното насилство кое тој го изврши над пејачката.
И Наташа и Лука се појавија во друштво на своите адвокати, а Лазукиќ прв давал изјава.
На почетокот на неговото излагање, Наташа со адвокатот ја напуштила судницата.

Таа на вратата се свртела кон судијата и прашала: Не морам, нели?, а откако добила одобрение од судијата да не присуствува на давање исказ на Лазукиќ, таа излегла од судницата.

Наташа не ја напуштила зградата на судот, туку само се качила еден спрат погоре.

Инаку, Лука преку својата тужба бара Беквалац да му го врати секој денар кој тој го има потрошено додека биле заедно.

Преземено од:Скопје24

Поврзани вести

Sony Pictures објави кога ке излезе филмот „Bad Boys 3“

Дафинка Печорова

Вечер на староградска музика и игра на фестивалот „Илинденски денови“

Најдобриот хорор на сите времиња