Image default
Вести Македонија

Шекеринска: Македонија ќе го поправи она што го пропушти во Букурешт во 2008 (Видео)

 

Зегин

Македонија ќе го поправи она што го пропушти во Букурешт во 2008 година и ќе добие покана за во НАТО – порача денеска од Брисел, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Зегин

„Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година“- рече таа непосредно пред почетокот на Самитот на НАТО.

Ова потсети на самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија требаше да ја добие поканата за членство, но беше одбиена поради грчкото спротивставување поради спорот со името:

„Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија. Денеска сите ја искористија можноста да и’ честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’ награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО“.

Шекеринска верува дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

 

Поврзани вести

Од денеска нов повик за грантови за млади земјоделци

Вработените во „Еуркомпозит“ го почнаа протестот пред Владата

Вања Мицевска

Без вода утре дел од две улици во Општина Центар