Image default
Вести Македонија

Општина Гостивар ќе изгуби грант од 3 милиони денари ако Советот на општината не го изгласа Локалниот акциски план

Општина Гостивар ќе изгуби грант 3 милиони денари, ако до крајот на месецот на седница на Советот на општината, не се изгласа локалниот акциски план. На последната седница на советот на Општина Гостивар локалниот акциски план за кој имаше најави за негово гласање, беше повлечен како точка од дневниот ред, со образложение дека треба да се дополни.

Зегин

Од невладината организација „Месечина“ велат дека ако до крајот на месецот овој план на седница не биде усвоен, ќе пропадне грантот од 3 милони денари наменет за инвестиции во ромските населби.

Зегин

Оттаму велат дека повлекувањето на точката од дневниот ред бил нелогичен чекор, затоа што истиот советник кој барал повлекување учествувал во изработката на планот. Тој апелираше на следната седница на Советот, советниците да не ги повторат грешките, затоа што со трите милиони денари за кои се надеваат дека ќе ги добијат, ќе се решат многу проблеми во ромските мала во Гостивар.

Поврзани вести

Временска прогноза: Сончево со умерена облачност и северозападен ветер

Владата предлага ДИК да се избира со 61 пратеник

Започна да се пробива булеварот Благоја Тоска во Тетово

Кире Андонов