Image default
Вести Македонија

Ново труење на кучиња во Неготино (Вознемирувачки фотографии)

Затруени се и отруени неколку кучиња низ Неготино откако некој расфрал отров низ градот – алармираа денес од Здружението „Срце за животните – Тиквеш” од Кавадарци. Претседателката на Здружението, Виолета Николова  вели дека се работи за глутница настаната по женка во циклус и вообичаено вака реагирале оние лица кои мразеле кучиња.

Зегин

Николова порачува сопствениците на кучиња да ги остават дома своите миленици., а родителите да внимаваат на своите деца додека се на улица.

Зегин

Од Здружението повикуваат и на внимателност за да се спречат нови жртви бидејќи според нив отров имало расфрлано насекаде.Тие им препорачуваат на граѓаните секоја сомнителна храна која ќе ја пронајдат внимателно да ја отстранат и да ја фрлат во канализација, а за секоја сомнителна активност да ја информираат полицијата.

„Апелираме на огромна внимателност за вашите домашни миленици како и за кучињата скитници,  особено сериозно да се мисли на децата и луѓето кои можат да дојдат во допир со отровот кој се расфрла насекаде“, порачува Николова.

Во моментов едно отруено куче е на обдукција и со тој извештај од Здружението ќе пријават утре во полиција, а  велат имаат сведок за идентитетот на трујачот.  Неготинци се загрижени од ваквата постапка на свои сограѓани кои ги отруле кучињата, упатувајќи апел и молба повеќе да не им се загрозува безбедноста на децата кои играат низ парковите и игралиштата.

Според измените во Кривичниот закон, ако некое лице малтретира животно следува затворска казна од една година. За случаите на насилство врз животните во овој регион полицијата нема достапна статистика ниту пак некои одредени санкции.

 

Билјана Тошевски

Поврзани вести

Кривична пријава за скопјанец осомничен за разбојништво

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Вања Мицевска

Дебитантски филмови на третиот по ред фестивал „Киненова“

Габриела Додевска