Image default
Вести Култура

На месноста Голеш утре по повод празникот Петровден ќе се одржи средба „Краиште 2018“

Во местото Голеш, село Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу Македонија, Србија и Бугарија, утре на големиот христијански празник Петровден ќе се одржи трилатералната традиционална меѓународна средба „Краиште 2018“. Манифестацијата е во организација на трите општини Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил а за таа цел се подготвува богата културна програма, информира градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Зегин

-Во рамки на самата програма покрај присуството на жителите од овие општини имаме и доста гости кои се од соседните општини. По тој повод граничниот премин кај месноста Голема Црцорија ќе биде отворен во текот на денот и истиот ќе може да се поминува со важечка лична карта или патна исправа. Општина Крива Паланка како и другите општини кои се како коорганизатори на настанот подготвуваат богата културно уметничка програма, на настанот од Крива Паланка ќе земе учество КУД Карпош. Заради подобрување на самот патен правец, во таа насока иако е регионален ние како општина во изминативе неколку дена и покрај врнежите од дожд кои ни прават секојдневни пробелми на сите патни правци не само овде ние вложивме напори да го оспособиме и да биде во подобра кондиција за граѓаните кои ќе сакаат да дојдат на овој настан, вели Мицевски.

Зегин

На манифестацијата Краиште жителите од трите општини имаат одлична можност за дружење со долга традиција на вакви средби на кои се зближуваат народите од трите страни на граничните линии а наша цел е соработката меѓу општините да ја зголемиме, вели Мицевски.

– Во период кога под претседателство на Бугарија, Македонија доби безусловна препорака за започнување на преговори за членство во ЕУ ние градиме добрососедски односи како со Бугарија така и со Србија, во изминатиов период на иницијатива на градоначалниците од Североисточниот плански регион беше организирана една средба во Ќустендил а потоа и во Куманово каде покренавме иницијатива за формирање на асоцијација на општините од пограничниот регион на Р.Македонија и Р.Бугарија, а во очекување сме да се распише повикот од ИПА програмата за заеднички прокети, информира првиот човек на Крива Паланка, Мицевски.

Во рамки на манифестацијата присутните се забавуваат со богата програма на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли од трите општини, кои ја презентираат богатата традиција и култура низ сплет на народни песни и ора.

Билјана Тошевски

Поврзани вести

Времето денес: Сончево со умерена облачност и слаб ветер

Романскиот министер за образование поднесе оставка

Вања Мицевска

Дрон сними изолирано амазонско племе во Бразил