Image default
Вести Македонија

Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е исклучително добар

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека се надева дека Договорот за името ќе помине на референдум и порача дека го оценува како многу добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски.

– За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, драго ми е што ќе се упатат позитивни пораки за Македонија, која постигна договор со Грција. Верувам и се надевам дека ќе биде потврден на референдум, кој е историски. Ги разбирам чувствата на некои Македонци. Меѓутоа сметам дека овој Договор е исклучително добар, бидејќи освен што со името Северна Македонија, грчкиот дел станува Јужна, сепак се споменува Македонци и сѐ друго. Мислам дека е тоа добар компромис и се надевам дека сите ние во НАТО ќе и помогнеме на Македонија да го заврши процесот, но пристапувањето може да се очекува дури за година, година и половина. Она што е важно е што Македонија во меѓувреме може да учествува на состаноците без право на глас, изјави хрватската претседателка.

 

Извор:МИА

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Судијката Оља Ристова изземена од предметот „Титаник 3″

Весна Коловска

Безживотно женско тело извлечено од водите на Вардар кај Лисиче

Весна Крстева

29 годишно момче починало вчера од сепса во градската општа болница „8 Септември“

Габриела Додевска