Image default
Забава

Филмови-близнаци: Кога Холивуд ќе го „продаде“ истиот производ во различно пакување

Еден од најчудните феномени во филмскиот свет е оној на филмовите-близнаци, а тоа најчесто се случува во Холивуд, каде што индустријата е најголема. Овој термин се однесува на два филма со слична или иста содржина кои излегуваат во скоро истиот период.

Зегин

Зегин

Како што поминува времето, сѐ повеќе изгледа како Двејн „The Rock“ Џонсон да има премиера на истиот филм на секои три-четири месеци. И како тоа да е малку, овогодинешните Оскари ги видоа филмовите „Dunkirk“ и „Darkest Hour“ кои имаа иста тема – спасувањето на британските војници од францускиот брег во 1940 година. Покрај нив, постојат уште неколку примери кои сакаме да ги наброиме а на дел од нив скоро сигурно ќе се потсетите бидејќи излегоа во последните неколку години.

„Deep Impact“ и „Armageddon“ (двата излегоа во 1998 година)

Еден од најпознатите примери од каде веројатно и започна употребувањето на терминот „филмови-близнаци“. Да, по толку години „Armageddon“ остана далеку попознат од „Deep Impact“, но во моментите кога излегоа („Deep Impact“ излезе еден месец порано) сите ја препознаа сличноста – група од астронаути се испратени на мисија да ги уништат кометите кои се закануваат дека ќе удрат во Земјата и ќе направат масовно уништување на човештвото.

„Deep Impact“ ја раскажуваше приказната од гледна точка на Морган Фримен, кој го глумеше претседателот на САД и пробуваше да најде начин да ја направи штетата помала, додека „Armageddon“ беше фокусиран на Брус Вилис и неговата екипа, која отиде на мисија да го спаси денот. Буквално.

На крајот, научниците тврдеа дека „Deep Impact“ е полн со точна наука и вистинити научни факти, но на публиката не ѝ беше гајле бидејќи таа се заљуби во Лив Тајлер, Брус Вилис и неверојатно популарната „I Don’t Wanna Miss a Thing“.

„No Strings Attached“ и „Friends with Benefits“ (двата од 2011 година)

Двајца сингл другари – последователно Ештон Качер и Натали Портман („No Strings Attached“) и Џастин Тимберлејкс и Мила Кунис („Friends with Benefits“) – пробуваат да го практикуваат сексот без обврски во нивната секојдневна динамика без да го загрозат пријателството.

Ова е идеја која многу години претходно Џери и Илејн ја пробаа и се откажаа од неа во „Seinfeld“ во 1991 година, но двете романтични комедии добро профитираа од идејата, заработувајќи буквално исто на боксофисот – по 149 милиони долари.

„White House Down“ и „Olympus Has Fallen“ (двата од 2013 година)

Двата холивудски блокбастери кои излегоа во истата година ја обработуваа истата приказна и беше малку чудно што се работеше за терористички напад на Белата куќа. Во првиот од нив, Ченинг Тејтум и Џејми Фокс ја „крадеа“ секоја сцена, додека во вториот Џерард Батлер и Арон Екхарт се спасуваа еден со друг како искусни ветерани.

И двата филма беа инспирирани од акционите филмови од 1990-те како „Independence Day“ и „Air Force One“, во кои претседателот се покажува како херој. Двата филма беа направени во текот на вториот мандат на Барак Обама. „Olympus Has Fallen“ има и две продолженија, „London Has Fallen“ (2016) и „Angel Has Fallen“ (во продукција).

 

Превземено од:Кајгана

 

 

Related posts

Лимонот е второ име за здравје – како помага и колку долго може да се користи

Хороскопски знаци кои никој не може да ги раздели

Трајче Гогов

Спектакуларни термални бањи во Унгарија кои вреди да ги посетите

Трајче Гогов