Image default
Вести Македонија

Циклонот “Силвија” беснее низ Македонија

Попладнево невреме проследено со силен ветер, дожд и грмежи го зафатија Скопје.

Зегин

Меѓу фотографиите од невремето кои се појавија на социјалните мрежи имаше и фотографија на која се гледа како дрво паднало врз автомобил во скопската населба Тафталиџе.

Зегин

Пред половина час невреме го погоди главниот град. Неколку дена по ред Скопје е зафатено од невреме, особено во поладневните часови кога невремето е проследено со дожд и грмежи, а на некој места имаше и појава на град.


Околу 13 часот го зафати Прилеп силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Невремето траеше нешто повеќе од 40-тина минути и според надлежните наврнале околу 40 до 50 литри дожд.

Според градоначалникот Илија Јованоски, кој информираше за преземените мерки, на 15-тина места во градот и околината имало затнати канализации, пријавено е поплавување на пет куќи во градот и гром удрил во бандера. Предизвикана е мала материјална штета, но за среќа нема повредени.

– Во моментов екипи на двете јавни комунални претпријатија, „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, заедно со две приватни компании, со комплетна механизација се на повеќе пунктови во градот и ги расчистуваат улиците од кал и наноси. Главно, се чисти во прилепската населба Тризла 2, каде има наноси по улиците, изјави Јованоски.

Од јавните комунални претпријатија ги повикаа граѓаните доколку имаат штети, да ги пријават, за да може екипите да интервенираат.

Related posts

Летна школа по природно право: Имплементацијата на законите предуслов за успешни реформи

Струмица од 8 до 12 октомври повторно домаќин на врвните готвачи

Вечерва почнува Пиво фест Прилеп