fbpx
Image default
Вести Македонија

Дожд и грмежи до крајот на неделава

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Поврзани вести

Гласоечкото пеење од тетовско заштитено со закон во изумирање

Во кумановската болница ноќеска донесени 25 алкохолизирани лица

Нема нова амнестија и договор за измени на член 353 од КЗ