Image default
Вести Македонија

Падна пресуда за обвинетите за нападот на Села, кои признаа вина

Три години затвор за Стојан Павлевски, а година и два месеца за Цејо Георгиевски, на кои денеска им се судеше за нападот на Зијадин Села во Собранието, откако на минатото рочиште постапката за нив двајца беше одвоена бидејќи признаа вина.

Зегин

Во казната се вбројува и времето кое тие го поминаа во притвор, па Георгиевски ќе треба да лежи само еден месец имајќи предвид дека тој во притвор е година дена. Павлевски пак, беше притворен лани во октомври. На излегување од Судот рече дека не очекувал ваква казна и најави жалба.

Зегин

На денешното рочиште, Судот појасни дека има разлика во казните, бидејќи прв го пробил кордонот и влегол во собраниската прес сала каде почнал да ги напаѓа претставниците на законодавната власт.

Вања Мицевска

Поврзани вести

Авганистанските сили ослободија 149 лица киднапирани од талибанци од три автобуси

За прв пат снимки од внатрешноста на резиденцијата на севернокорејскиот владетел

Старата снимка не го ослободува Стојановски од одговорност – опозицијата бара да си поднесе оставка

Вања Мицевска