Image default
Вести Македонија

Нови рочишта за „Тортура“ и „Тенк“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, каде обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Зегин

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Зегин

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски, за што одбраната достави медицинска документација.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи и рочиште за раздвоената постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

За овој случај Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Извор: МИА

Поврзани вести

Дневен билтен на Општина Штип – 23.07.2018

Моја Општина

Во понеделник завршува одморот за пратениците

Каменос: Се обврзуваме дека договорот нема да се ратификува во Парламентот