Image default
Вести Македонија

Критики кон новата општинска власт во Гостивар од огранокот на НДП

Според нив, градоначалникот Таравари по секоја цена се обидува да ги блокира инвестициите во градот на централната власт.

Зегин

Дека не работат и шират лаги, вака денес партијата НДП во Гостивар го критикуваше општинското раководство и градоначалникот Таравари. Потенцираа дека првиот човек на градот ги блокира инвестициите на централната власт.

Зегин

„Шест месеци од владеењето на новото општинско раководство, нема ниту еден конкретен проект од актуелниот градоначалник.

Во овој период слушаме само обвиненија, манипулации и лаги. Освен што упатува обвиненија кон советниците од нашата партија, на градоначалникот му пречат и инвестициите на централната власт во Гостивар, па така зборува невистини“, рече Хилми Гаши потпретседател на огранокот на НДП во Гостивар.

Од НДП на Таравари му порачаа да не се занимава со политичките лидери и големите политики, туку да почне да работи проекти во корист на граѓаните.

Соња Стрезовски

 

Поврзани вести

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Дафинка Печорова

Почна 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Септичка јама вознемири сопственици на викендички крај Тиквешко Езеро