Image default
Вести Македонија

„Воинот на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски со напомена дека е дел од хеленскиот антички период

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет – информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Зегин

– „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Зегин

Според него, овој споменик нема да се урива туку тој ќе остане како симбол на пријателство помеѓу Република Македонија и Република Грција:

„ Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигрно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се“.

Посочувањето на хеленската култура, како историско и цивилизациско наследство на светот, на споменици од „Скопје 2014“ е предвидено со договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот со името.

Related posts

Во Франција уапсени Црногорци со 69 килограми кокаин

Трајче Гогов

Сите сакаат да бидат дел од ИСТОРИСКАТА СРЕДБА, но само еден СПОРТИСТ има шанси за тоа

Трајче Гогов

Во Велес почнуваат 55. Рацинови средби

Трајче Гогов