Image default
Македонија

АХВ: Остануваат забраните за увоз на живина поради птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека на сила остануваат забраните за увоз на жива живина и производи од живина од регионите во соседна Бугарија каде кон крајот на минатиот месец беше потврден вирусот птичји грип, како и забраните за увоз од неколку европски земји.

Зегин

– Со цел спречување на евентуална појава и ширење на вирусот на болеста птичји грип во земјава, апелираме до одгледувачите на живина (комерцијалните одгледувачи и домаќинствата) на високо ниво да се одржуваат биосигурносните мерки на фармите. Неминовно е рано пријавување и рано откривање на болеста, но, пред се, спроведување на превентивни мерки како дел од стратегијата за справување за Авијарна инфлуенца, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во денешното соопштение.

Зегин

Оттаму апелираат да се ограничи движењето на домашната живина надвор од живеалиштата, да се спречи контакт со диви птици и да не се врши хранење на живината во дворовите. Потребно е да се врши и превентивна дезинфекција на превозните средства за живина  и јајцата за ведење, да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до ветеринарната друштва да се пријави доколку дојде до промена на здравствената состојба на живината или до зголемена смртност.

Од АХВ апелираат и ловџиите по враќање од лов задолжително да ги мијат рацете бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, како и да го пријават секое угинување на диви птици.

Забрането е и хранење на живината и другите домашни животни со остатоци од диви птици.

Извор: МИА

Поврзани вести

Реките во тетовскиот регион припаѓаат на втора односно трета класа

Вања Мицевска

Сончево со умерена облачност

Наградата за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии доделена на штедилница ФУЛМ

Вања Мицевска