Image default
Вести Македонија

Судењето за Монструм продолжува на 25 јуни – ќе сведочи и сведокот на кој денес му се слоши

По денешното рочиште кое траеше безмалку шест часа, судењето за случајот Монструм продолжува на 25 јуни.

Зегин

Зегин

Скоро шест часа траеше денешното сведочење на тројца рибари кои рибареле на Смилковското езеро на денот на петкратното убиство што се случи таму во 2012 година. Тие останаа на изјавите што ги дале пред истражен судија два дена по трагичниот настан од Велики Четврток. Секој од нив, во својата изјава раскажа дека кога отишле да рибарат им пришле неколку момчиња кои од нив побарале црви за ловење риби. Кога почнало да се стемнува, рибарите одлучиле да си одат дома, но по пат ги пресретнал човек во униформа со автоматска пушка в раце обраќајќи им се со зборовите: Полиција, бегајте или ќе ве убијам“.

По ова, рибарите преплашени тргнале да се враќаат назад кога слушнале истрели од оружје. Два часа во темница седеле на истото место каде што ловеле риби и кога одлучиле да си заминат наишле на четири лица кои лежеле на стомак. Тие денеска раскажаа дека поради страв и стрес гледале побргу да стигнат во своите домови и затоа не им помогнале.

Кога стигнале дома, од телевизија дознале дека има случило убиство, и така, како што рекоа, им станало јасно зошто претходно имало истрели.

Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи во изјава за медиумите оцени дека ова се најважните сведоци за настанот, бидејќи тие ги виделе сторителите. Сепак, Рауфи тврди дека обвинетите не го сториле овој злочин:

„Денеска произлезе дека МВР на овие сведоци им покажувало ден после настанот слики од осомничени лица, а тоа се лица кои подоцна се и притворени. Имало фотоалбум и се покажени слики на лица кои биле предвидени да бидат притворени“.

И покрај препирањата со обвинителите за време на рочиштето, Рауфи го пофали СЈО.

„Ова Обвинителство го работи случајот многу подетално и нависина сака да се утврди фактичката состојба, затоа и толку трае секој распит на сведоците. СЈО сака да ги расчисти сите евентуални дилеми и оди во детали, што е за секоја пофалба“, додаде тој.

На денешното рочиште на првиот сведок му се слоши, поради што неговото сведочење ќе продолжи на следното рочиште. Денеска во судница беше повикан и четвртиот рибар кој бил на Смилковското Езеро заедно со тројцата рибари што сведочеа денеска. Сепак тој не се појави во судница бидејќи бил во странство.

Поврзани вести

Во Македонија 40 проценти од слободното време се минува пред телевизор

Постигнат договор за „пржинска Влада“, за ДИК и за финансирање на партиите

Дафинка Печорова

Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак