Image default
Вести Култура

Објавени тајните писма: Петар Илич Чајковски бил лудо вљубен во млад слуга

Нежни и страсни зборови кои ги опишуваат скриените чувства на Петар Илич Чајковски се забележани во писмата кои долго време биле чувани од очите на јавноста. Писмата кои неодамна првпат беа објавени во Англија, а некои од нив и првпат воопшто објавени во јавност, откриваат детали за интимниот живот на славниот композитор кои руските цензори вешто ги криеле.

Во едно од писмата, Чајковски пишувал за млад слуга во кој, како што пишувал, бил вљубен како никогаш дотогаш. „Господе, какво ангелско суштество. Толку чезнеам за тоа да бидам негов роб, негова играчка, негова сопственост“, пишува во писмата.

Марина Косталевски, коавторка на новата книга со писма на Чајковски и професорка по руски јазик на колеџот Бард во Њујорк, наведува дека содржината на писмата овојпат е пренесена во целост.

„Додека хомосексуалноста на Чајковски веќе долго време е прифатена на Запад, во Русија и понатаму е предмет на дебати. Руското издание на новите писма, и покрај богатството од нови информации, сепак, остава простор за сомнеж за сексуалноста на славниот композитор“, вели Косталевски.

Чајковски во друго писмо пишува за средбата со „момчето со заслепувачка убавина“.

„По заедничката прошетка му понудив пари, но одби. Го прави тоа поради љубовта кон уметноста и обожава мажи со брада“, напишал Чајковски.

Косталевски наведува дека овој пасус досега никогаш не бил вклучен во ниту едно издание од објавените писма на композиторот, пренесува „Гардијан“.

Писмата денес се наоѓаат во архивата на музејот за Чајковски во Клин, град кој се наоѓа североисточно од Москва, каде што композиторот живеел од 1892 година до неговата смрт следната година кога починал од колера, на 53-годишна возраст.

Меѓу цензурираните писма е и писмо кое Чајковски му го напишал на својот брат за време на престојот во Италија.

„Околу 9 часот почувствував потреба да излезам и да прошетам. Група момчиња, знаеш какви, претпоставуваа што барам и не сакаа да ме остават на мир. Мамката која ја користеа да ја фатат жртвата, односно мене, беше едно прекрасно младо суштество. Морав да пружам жесток отпор со оглед на тоа што мамката беше одлична. Не знам дали сакаа да ме уценуваат или само сакаа да земат пари од мене, но не се дадов“, напишал Чајковски.

Тој оставил повеќе од 5.000 писма, а новото издание наречено „The Tchaikovsky Papers: Unlocking the Family Archive“ содржи пасуси кои ги цензурирал неговиот брат и биограф Модес Илич, како и други руски биографи.

Писмата ја откриваат и скромната и срамежлива природа на Чајковски. „Поминаа многу години пред да сфатам дека сум, дури и како композитор, едноставно талентирана личност, а не вонсериски феномен“, напишал Чајковски.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Дишејќи го загадениот воздух ни следуваат по седум цигари дневно

Трајче Гогов

Како да се ослободите од стресот !

Трајче Гогов

Куманово викендов станува град на тамбурата

Моја Општина