Image default
Вести Култура

Изложба на фотографии за џез-музичари

„Скопје синема сити“ кој ќе почне задутре во Кинотека на Македонија, ќе има претфестивалска програма со изложба „Македонска џезтетика“ – фотографии на истакнати македонски џез-музичари од Татјана Ранташа, а како дел од изложбата настап ќе има Квинтетот на Гоце Стевковски, основоположник на Здружението на џез-музичари.

Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15 години искуство, најмногу со сценска фотографија. Почнувајќи од 2005 година, таа е официјален фотограф за издавачки куќи како Авалон, Пасворд, МКЦ-концерти, МОТ, Десонанц фестивалот, а денес е најчесто ангажирана за Оффест и Скопскиот џез-фестивал, како нивни официјален фотограф.

– „Македонска џезтетика“ е избор од фотографии од различни генерации македонски џез-музичари, почнувајќи од Џијан Емин, Гоце Стевковски, Алек Секуловски, па до Симон Киселички, Мишко Парушев и Владан Дробицки, од Трајко Велков, Бојан Шамба, па до Кирил Кузманов, Кирил Туфајхчиев, од Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов, па до Тони Китановски, Кокан Димушевскии и многу други, соопшти „Скопје синема сити“.

Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. Влезот за претфестивалската програма (6 јуни од 19 часот) за изложбата и концертниот настап е слободен.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

ОБСЕ со препораки за работата на СЈО, Јанева со забелешки за пристапот на судот

Вања Мицевска

Три возила изгореа во пожар во Охрид

Кире Андонов

Бран студен арктички воздух ја зафаќа Европа

Трајче Гогов