fbpx
Image default
Ракомет Спорт

Ракометната федерација ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Романија

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство. Македонската ракометна репрезентација на десетти јуни од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Романците, а поради значајноста на натпреварот се очекува ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините.

Влезниците имаат цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонија првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни.

Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското првенство што ќе се одржи во Данска и Германија во јануари 2019 година.

Поврзани вести

Почина најдобриот македонски атлетичар, Исмаил Мачев(ВИДЕО)

Дафинка Печорова

Роналдо казнет за еден натпревар во ЛШ, ќе игра против Јунајтед

Манџукиќ се повлекува од хрватската репрезентација