Водителката напишала дека ништо не упатувало на помислата дека таа и ќеркичката можеби се затруле. Испила таблета за смирување, бидејќи ја болело глава.
Ноќта измеѓу саботата и неделата во станот на водителката Николина Пишек (48) во Загреб во кој живее заедно со сопругот Видоје Ристовиќ (42) пукнала цевка од плин која обезбедувала греење за целата зграда. Пишек и нејзината ќерка Уна(6) се отруле со плин. Веднаш биле префрлени во болница, а вчера биле пуштени. Таа на социјалните мрежи објавила неколку фотографии од болница и напишала дека е благодарна што останале живи.
– Нашиот втор роденден. Бидејќи сеуште сум жива. Како и моето девојче. И ќерката на пријателите која после пладне беше кај нас на играње. Само поради интуиција на мојот сопруг преживеавме труење со јаглероден моноксид, ја започнала Николина приказната и објаснила:
– Уна имаше полесно труење од мене поради разликата во висината и од таа причина се живи и моите кучиња бидејќи дишат на триесет сантиметри висина. Јаглерод моноксидот прво ги полни горните делови од станот. Независно од капацитетот на просторот, брзината на ширење и висината на вашите сводови, тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Без алармирачки знаци дека вашите витални ткива полека изумираат. А тој процес, во моментот кога тивкиот убиец ќе влезе во вашите гради, се врзува во крвта со хемоглобинот и се дистрибуира по виталните органи. Една по една изумираат клетките на мозочното ткиво, срце на кое тивко му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрег.
Драмата за среќа поминала без тешки последици. Видоје загрижен ги повикал пријателите да ја провери ситуацијата во станот, а тој усоеал да влезе утрото и да ги извлече водитеката и нејзината ќерка надвор. Како што рекло, ќе било страшно ако стигнел половина час подоцна, му потврдиле од болницата.
Извор: 24sata.hr