ММС

Објавено на: 02/10/21 1:12 PM

Порно-ѕвезда ја шокираше јавноста: Сексот со Трамп беа најлошите 90 секунди во мојот живот

Американската порно-актерка Сторми Даниелс ја шокираше јавноста откако во едно гостување на телевизија ги опиша деталите со наводната афера со бившиот американски претседател Доналд Трамп.

Ѕвездата на филмовите за возрасни тврди дека аферата се случила во 2006 година и дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.

Таа објасни дека Трамп, кој бил целосно гол, ја чекал седејќи на работ од креветот во хотелската соба.

„Едноставно се замрзнав и не знаев што да одговорам. Се соблече по долна облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: Ова е твоја шанса. Мораш да ми покажеш колку тоа го сакаш или едноставно сакаш да се вратиш во паркот со приколките?“, се присетила Сторми и додала дека тогаш имала сексуален однос со него.
“Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот“.

Голема врева се крена кога Сторми Даниелс тврдеше дека во март 2006 година, неколку месеци откако Доналд и Меланија Трамп го добија синот Барон, бившиот американски претседател завршил во кревет со неа.

Во текот на истрагата за финансиските малверзации на бившиот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, обвинителите дојдоа до информации за уплатите кои со помош на Коен стигнале до две жени – порно-актерката Сторми Даниелс и плејбој-зајачицата Карен Мекдугал.

Трамп негираше било каква сексуална врска со споменатите жени.

извор: Mondo.rs

фото: BBC.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.