ММС

Објавено на: 02/10/21 12:11 PM

Жељко Самарџиќ очаен поради болеста – пејачот го пронајде својот мир во манастирите

 

Жељко Самарџиќ долго време се држеше далеку од очите на јавноста поради проблеми со болеста Хашимото која му ја дијагностицирале пред неколку години.

Како што пренсува Стори.рс, во еден момент пејачот мислел дека му нема спас, а потоа се случило чудо.

Пејачот својот мир и спас го нашол во духовниот живот и религијата.

– Жељко редовно оди во цркви и манастири. Мирот го пронајде во топлите разговори од духовниците, сфатил дека овој живот е најдоброт начин за да се задржи здравјето и имунитетот, објаснува изворот за порталот и додава:

– Одбегнува и градска гужва, па времето го минува со прошетки покрај Дунав или пак си ужива во усидрената јахта во Бока. Многу подобро се чувствува и сега има волја за живот, а депресијата повеќе ја нема, заклучил изворот, а Жељко и самиот прозборе неодамна  за болеста која го мачи последниве години.

– Од моментот кога ми се случи Хашимото како да ми се сруши светот, не знаев што ми е. Сега продолжив со нормалниот живот бидејќи јас редовно ја зимам терапијата. На три месеци одам на контрола и проверувам крв. Мене болеста ме промени од корен. Јас порано земав по една чашка ракија или вино, а сега ни толку не можам зошто морам да ги чувам гласните жици. Кога тоа ми функционира се е добро. Ја открив оваа болест кога заминав на операција на жлезда, и по извесно време се воспостави дека станува збор за Хашмото, изјавил Самарџиќ.

Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси.Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување.Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.

 

Извор: Стори.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.