ММС

Објавено на: 02/10/21 12:03 PM

Градоначалниците од кои граѓаните не се задоволни ќе се сменат, предвремени парламентарни избори нема да има

СДСМ секогаш има постапка која значи слушање на гласот на граѓаните, сите оние кои што биле добри градоначалници кои им служеле на граѓаните имаат најголеми шанси да бидат повторно кандидирани. Секаде каде што граѓаните се незадоволни, градоначалниците ќе се сменат, рече  премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

Премиерот најави дека ќе застане зад кандидатурата на неколку градоначалници, а на другите им порача да си ги завршат своите програмски ветувања.

Вонредни парламентарни избори вели нема да има затоа што не носат ништо добро на државата, туку само може да ги закочат развојните проекти.

Во однос на вчерашниот коментар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, дека од месечината се гледале само Кинескиот ѕид и парламентарните избори, Заев порача дека не знае „кои космунаути гледаат од месечината“, но дека вонредни избори нема да има.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.