ММС

Објавено на: 02/10/21 11:08 AM

Моќна трансформација на Џеј Ло: Во вакво издание не сте ја виделе до сега

Латино ѕвездата Џенифер Лопез (51) не експериментираше многу со својата коса во својата успешна и долга кариера, па немавме прилика да ја видиме со драстични промени кога е во прашање физичкиот изглед.

Сепак, на насловната страна на еден магазин одлучила да направи голема промена, па се фотографирала со кратка коса.

Фотографијата која е на насловна ја споделила и на Инстаграм и ги освои обожавателите со новото издание, а интересно е што има речиси минимална шминка.

Не е познато дали Џеј Ло ја потстрижила косата за мартовското издание на магазинот „Allure“ или е во прашање перика, која изгледа како вистинска, но факт е дека и оваа фризура и стои.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.