ММС

Објавено на: 02/10/21 10:41 AM

(ВИДЕО) „Средниот прст“ на Конте кон управата на Јувентус

Вчерашниот возвратен дуел од полуфиналето на Купот на Италија помеѓу Јувентус и Интер ни покажа две работи. Првата, очигледно, Интер нема да игра во финалето против подобриот од Аталанта и Наполи, а другата, можеби помалку очигледна, Антонио Конте не е тренер за куп натпреварувања.

Италијанскиот стратег е одличен менаџер кој навистина брилијираше со пост-Сериа Б Јувентус, Чези во првата сезона во Премиер Лигата, италијанската фудбалска репрезентација. Но енигмата наречена „куп формат“ за некогашниот фудбалер на Јувентус засега останува нерешлива.

Јувентус во првиот натпревар на „Џузепе Меаца“ го совлада Интер со 1:2 и вчера го одбрани резултатот од првиот дуел, пласирајќи се во големото финале на италијанскиот куп.

Фрустрирачките 0:0 и затегнатиот однос помеѓу „предавникот“ Конте и управата на Јувентус кулминираше на полувремето на вчерашниот меч. Одејќи кон соблекувалната по истекот на првите 45 минути, Антонио Конте погледна во ложата на стадионот и со една непристојна гестикулација „ги поздрави“ Андреа Ањели, Павел Недвед и останато црно-бело друштво.

 

Дали за „средниот прст“ Конте ќе се соочи со некакви консеквенци, непознато е. Она што е познато е тоа дека сепак на крајот оние кон кои беше упатен „поздравот“ отидоа во своите домови насмеани и со планови за големото финале.

 

 

 

 

Фото:

skysports.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.