ММС

Објавено на: 02/10/21 10:31 AM

Инспектори на ДСЗИ влегоа на гинекологија во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Трифун Пановски во Битола откако беше објавено дека на први јануари годинава, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин.

ДСЗИ направил увид во евиденциите во областа на здравството, медицинската документација за пациенката, земал изјави од директорот и од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки:

До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИ, ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита  и ДСЗИ ќе достави известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување“, стои во соопштението од ДСЗИ.

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констатирал дека  директорот на установата ревземал законски предвидени мерки во врска со случајот, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.