ММС

Објавено на: 02/10/21 10:09 AM

(ВИДЕО) Адвокатот-мачка: Oна кога правната постапка преку „Зум“ ќе се претвори во чиста комедија

Пандемијата на коронавирусот несомнено го промени секојдневното функционирање на човекот. Традиционалните средства за комуникација го отстапија местото на некои интернет платформи кои во овие околности имаа за цел да ја олеснат живејачката и полека да го нормализираат пост-корона животот.

Во последната година видео-платформата „Зум“ стана навика и алатка без која не се може. Сепак, средбите и комуникацијата лице в лице се незаменливи, а тоа најдобро може да го опише адвокатот од САД кој имаше „мала“ непријатност во текот на правната постапка.

Имено, адвокатот во живот се претвори во мачка. Да, еден од филтрите ненамерно бил пуштен од страна на адвокатот и на екранот се појави мало, мило животинче, сосема неочекувано.

-Ме слушате судија? Ќе се обидам да го тргнам ова, ќе го викнам асистентот да ми помогне. Тука сум во живо, не сум мачка, се правдаше адвокатот.

 

Судијата некако издржа да не се насмее и имаше разбирање за симпатичната грешка на адвокатот. Комбинацијата на повозрасни луѓе и интернет, засекогаш ќе остане непоразена. Барем такви беа саркастичните коментари на социјалните мрежи за ова урнебесно видео.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.