ММС

Објавено на: 02/10/21 7:59 AM

Исчезна мистериозниот монолит во Турција кој беше пронајден на местото на најстарите храмови во светот

На прашањата за металниот монолит пронајден во петокот (5 февруари), на нивата во населбата Оренчик, лоциран во близина на Гобеклитепе, домот на најстарите храмови во светот, во југоисточната турска област Шанлиурфа, сѐ уште нема одговор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Додека продолжуваа истражувањата на блокот, во утринските часови се случи нов развој на настаните.

Граѓаните, кои го проверуваа регионот во раните утрински часои увидоа дека веќе не е на своето место металниот блок, висок околу 3 метри, широк 1 метар и на кој е напишан изразот „Погледни кон небото, види ја месечината”, со античката азбука гоктурк.

Сѐ уште нема информации за тоа кој и како го донесе металниот монолит минатиот петок и како денеска исчезна.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.