ММС

Објавено на: 02/10/21 7:11 AM

Променливо облачно со засилен јужен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Под влијание на нов влажен бран од утре повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.