ММС

Објавено на: 02/9/21 11:57 PM

Што се’ ја намалува желбата за секс?

Водењето љубов не е само забавен начин за ослободувањето од стресот, туку е и начин на поврзување со партнерот. Освен тоа, водењето љубов може да биде многу корисно за организмот, поточно има позитивно влијание врз здравјето. Како што луѓето стареат, така нивното либидо може да почне да се намалува, а тоа да влијае на самата врска. Сепак, стареењето не е единствената работа поврзана со намалената желба за секс.

Сексуални проблеми

Сексуалните проблеми како што се болката при сексот или неможноста за постигнување оргазам, мжат директно да влијаат на вашата желба за водење љубов.

Умор

Уморот може многу да влијае на либидото. Доколку сте изморени поради работните обврски, грижата за децата и семејството или се борите со одредена болест, сето тоа мже да си го „земе данокот“ преку интимниот однос меѓу вас и партнерот.

Проблеми со менталното здравје

Депресијата и анксиозноста, како и другите ментални пореметувања, се во низата можни причини за недостиг на сексуална желба.

Операција

Ако сте имале операција поврзана со градите или гениталиите, тоа би можело да се одрази на либидото, но и на самодовербата воопшто. Сепак, по секоја операција би можело да ви биде потребно одредено време за да почнете повторно да се чувствувате добро во сопствената кожа.

Животни навики

Одредени навики какo пушењето цигари или пречестото пиење алкохол, може да се одразат на активностите во вашиот кревет.

Хормонски промени

Жените често се соочуваат со намалено либидо кога поминуваат низ одредени хормонски промени како влегувањето во менопауза или период по раѓање на детето.

 

Извор:  index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.