ММС

Објавено на: 02/9/21 10:46 PM

Намалените килограми, посјајната кожа и зголеменото либидо како придобивки од веганството

Истражување спроведено од компанијата Holland & Barrett открива интересни податоци за тоа кои се придобивките од веганскиот начин на исхрана. Дури 41 процент од веганите што учествувале во истражувњето изјавиле дека преминале кон веганство поради здравствени причини, додека 32 проценти тоа го направиле од етички, а 24 поради одржливост и грижа за околината. Здравствените придобивки од веганството се слабеење, посјајна кожа и зголемено либидо. Речиси половина од испитаниците изјавиле дека ослабнале, а 60 проценти од нив го загубиле вишокот килограми во првите три месеци.

Зголеменото либидо е нешто што долгогодишната веганка, Памела Андерсон често го истакнува на социјалните мрежи.

„Веганите се подобри љубовници. Холестеролот во месото, јајцата и млечните производи штети на артериите. Го успорува протокот на кртв во сите делови на телото, а не сам во срцето. Можете да го подобритее здравјето и да ја зголемите издржливоста во спалната соба така што ќе станете вегани“, порача таа на Твитер. Третина од мажите и една четвртина од жените што учествувале во истражувањето истакнале дека откако станале вегани им се зголемило либидото.

Интересно е откритието дека еден од четири вегани го одбрал овој начин на исхрана во последните 12 месеци. Тоа укажува на две работи. Прво, веганството бележи раст и ќе продолжи уште посилно да се зголемува во текот на следните неколку години. Се претпоставува дека веганите и вегетаријанците до 2025 година ќе сочинуваат една четвртина од британската популација. Актуелната пандемија исто така одигра значајна улога во растот на бројот на вегани, па 12 проценти од возрасните и 23 проценти од оние што се на возраст од 16 до 24 години рекле дека пандемијата им ја направила веганската исхрана попривлечна.

 

Извор:   index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.