Во Шпанија со коронавирус се заразени над три милиони луѓе, а најновата статистика бележи 766 смртни случаи, што е најмногу во еден ден во текот на третиот бран од епидемијата. Вкупно се заразени 3.005.487 луѓе – соопшти Министерството за здравство, пренесува Гардијан.
Како последица на инфекција со вирусот починаа повеќе од 60 илјади луѓе.
И покрај црните рекорди, бројот на случаи на 100.000 жители е во постојано опаѓање, во последните 24 часа падна на 630 случаи на 100.000 луѓе. Досега во Шпанија се вакцинираа повеќе од два милиони луѓе, а 786.407 луѓе веќе ја добија и втората доза од вакцината.
Извор: novosti.rs
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.