ММС

Објавено на: 02/9/21 8:58 PM

Финансии за 19 студентски и ученички домови за подмирување режиски трошоци

Владата  на денешната седница донесе 19 одделни одлуки за доделување финансиски средства на 19 студентски и ученички домови во државата со подмирување на режиски трошоци (за вода, електрична енергија, греење), набавки за храна за ученичките и студентските домови заради настанати непредвидливи ситуации од последиците од пандемијата со КОВИД-19, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е разгледана и усвоена Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година. Министерствотио за култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.

-Во врска со ова, Министерството за финансии е задолжено преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура. Министерството доби и обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.