ММС

Објавено на: 02/9/21 8:38 PM

Апелација пресече: Две години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Млечен“

Апелацискиот суд ја преиначи казната за сообраќајната несреќа кај  „Млечен“ во Скопје, во која животот го загуби Гоце Димитриевски, а неговата сопруга бремена сопруга Наташа го загуби бебето.

Таа вечерва се огласи на Твитер, каде објави дека обвинетиот Васил.Ч. според одлуката на Апелација ќе лежи две години затвор. Со одлуката, му се забранува и две години да управува патничко моторно возило.

Лани во септември тој доби само условна казна, а во знак на револт семејството организираше протест.

Фото: Архива

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.