ММС

Објавено на: 02/9/21 8:02 PM

(ВИДЕО)Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата започнува со серија на видео-разговори

Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата започнува со серија на видео-разговори со претставници на тековни и идни градови Европски престолнини на културата под наслов „ЕПК разговори”. Со овие видеа-разговори го лансираме и YouTube-каналот на Скопје 2028.

Првиот од серијата „ЕПК разговори” е со Нови Сад 2022, а наскоро ќе следат и разговорите со Риека 2020 и Темишвар 2023.

Во видеото зборува Вук Радуловиќ, Менаџер на секторот за меѓународна соработка Фондација „Нови Сад 2021 – Европска престолнина на културата“.

Нови Сад (Србија) беше избран да биде Европска престолнина на културата за 2021 година, во натпревар со други градови од земји ЕУ-кандидати или членки на Европската економска зона. Програмскиот концепт на Нови Сад е развиен под слоганот „За нови мостови“. Поради ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот, Европската комисија предложи одложување на годината во која Нови Сад е носител на Европска престолнина на културата, од 2021 во 2022.

Фотографија: Фејсбук на Град Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.