ММС

Објавено на: 02/9/21 8:03 PM

Време: Утре сончево, до +18, од четврток попладне почнува многу студено време

Утре ќе има преодна стабилизација и времето, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималните температури секаде ќе бидат над нулата, а максималната се очекува да достигне до18 степени. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

В четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и во северните делови, а на планините на запад ќе врне снег. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, в четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.