ММС

Објавено на: 02/9/21 6:43 PM

Сообраќајот на патиштата низ земјава се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонијапат”.

Оттаму потенцираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат” апелира на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат” се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.