ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/23/18 12:58 PM

Повеќе повредени во судар меѓу камион и автобус кај село Мамутчево

Тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион се случи денеска околу 13:20 часот на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево. Во сообраќајката има повредени повеќе лица, информираат за МИА од МВР.

Лицата кои се повредени се пренесуваат во болницата во Велес.

Увидот се уште е во тек.

Поради сообраќајна незгода, од 13:15 часот попладнево сообраќајот на патот Велес – Штип е во прекин, информираат од АМСМ.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1