ММС

Објавено на: 02/9/21 5:43 PM

Во Тетово вакцинацијата ќе се врши на два пункта при здравствениот дом

Во Тетово вакцинацијата ќе се врши на два пункта при здравствениот дом. Ако има потреба согласно протоколите пунктовите за вакцинација ќе се прошират и во руралните општини од тетовско.  Вакцинацијата ќе се врши во објектот на здравствениот дом и во зградата на МОНОПОЛ која е под оваа здравствена установа.

Ако има потреба од помасовна вакцина, пунктови ќе има и во руралните општини. Увид за условите за вакцинирање во оваа здравствена установа веќе извршија од Министерството за здравство – велат од Здравствениот дом Тетово.

Во меѓувреме во тетовско секојдневно се евидентираат двоцифрени бројки на новозаразени пациенти. Од Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово повторно со апел граѓаните да не се опуштаат.

За 10 дена на тетовското подрачје има евидентирано близу 200 случаи со КОВИД-19 . Од Ковид центарот велат дека засега имаат болнички капацитети за лекување на ковид пациенти, а наскоро се очекува да се пушти модуларната болнциа со капацитет за 35 пациенти.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.