ММС

Објавено на: 02/9/21 4:42 PM

Најстарата Европејка ја победи короната и в четврток здрава ќе го прослави 117. роденден

Лусиле Рандон, која со 116 години важи за најстара личност во Европа, го победи коронавирусот. Според вестите на интернет-страницата „20 Minutes“, чесната сестра Рандон е излекувана од Ковид-19, кој и’ беше дијагностициран на 16 јануари во Франција.

Рандон, која по успешната боорба со коронавирусот, се врати во старскиот дом, задутре, на 11 февруари, го прослави својот 117. роденден. Управата на домот соопшти дека во тек се подготовките за прославата на роденденот, на која, покрај роднини на Рандон, ќе присуствува и градоначлникот на Тулон, пренесувааат „Анадолија“ и „Ослобоѓење“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.