ММС

Објавено на: 02/9/21 4:28 PM

Екстремно малку веројатно е вирусот да е од лабораторија: Заврши истрагата на СЗО во Вухан

Тимот на Светската здравствена организација (СЗОК што го истражуваше потеклото на ковид-19 во Вухан во вторникот изјави дека е крајно малку веројатно дека вирусот дошол од лабораториски инцидент и дека најверојатно се пренел кај луѓето преку посреднички пат, пренесува АП.

Институтот за вирусологија во Вухан, кој се наоѓа на петнаесетина километри од „влажниот пазар“ на кој се продаваат најрзалични животни, каде што некои научници велат дека е можно да почнала епидемијата, беше во центарот на теориите на заговор за потеклото на вирусот.

Нејасно е кое животно го пренело вирусот или кога се случило тоа. Вирусот, според тимот, на СЗО, може да е пренесен и преку замрзната храна.

Иако истражувачите се фокусираа на таканаречениот влажен пазар, каде што се продаваат живи животни, пренесувањето најверојатно се случило во други области на Вухан во тоа време, изјави портпарол на Националната здравствена комисија на Кина.

Нема знаци дека вирусот се ширел во Вухан пред декември 2019 година, изјавиле од тимот на СЗО.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.