ММС

Објавено на: 02/9/21 4:18 PM

Продолжуваат протестите по воениот удар во Мјанмар

Демонстрантите во Мјанмар денес излегоа на улиците веќе четврти ден по ред и покрај предупредувањето за јавни собири од страна на Армијата, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Државниот административен совет, предводен од воениот началник Мин Аунг Хлаинг, по воениот удар минатата недела воведе национален полициски час и забрана за јавни собири на повеќе од пет лица.

Стотици илјади демонстранти се собраа на протести против воениот удар во Јангон, Мандалај и Нај Пји Тау, трите најголеми градови, и во другите делови, барајќи да се стави крај на военото владеење и да бидат ослободени притворените лидери.

Ко Ко Хтај, 62-годишен жител на Ланмадау, гратче во Јангон, рече дека тие ниту го признаваат военото правило ниту примаат наредби од нив.

„Се чини дека тие се подготвени да нè нападнат… ние не би се поклониле, туку ќе продолжиме да протестираме сè додека не се врати демократијата и цивилното владеење“, рече Хтај за АА.

Безбедносните сили се распоредени за да ги спречат демонстрантите од приградските делови да маршираат кон центрите на градот, каде што се одржуваат масовни демонстрации.

Во понеделникот вечерта, воениот началник, во своето прво телевизиско обраќање по преземањето, најави нови избори по една година владеење на Армијата.

Зин Мар Аунг, член на владејачката Национална лига за демократија (NLD), рече дека тие не паѓаат на ветувањата на воената хунта.

„Видовме такви лажни ветувања и по воениот удар во 1990 година. Потребни беа две децении да се вратиме во цивилното владеење. Значи, не би дозволиле ова да се повтори“, изјави Аунг во телефонска изјава за АА.

Тензиите во Мјанмар ескалираа поради тврдењата дека на изборите на 8 ноември 2020 година се направени манипулации. Генералштабот на 28 јануари ја повика Владата да ги разјасни обвинувањата за манипулација на изборите.

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Во следните денови, Армијата на Мјанмар изврши рација во партиските штабови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД), запленувајќи компјутери и документи.

Началникот на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг, кој ја презеде администрацијата во земјата, вети дека ќе се одржат демократски избори по завршувањето на воената состојба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.