ММС

Објавено на: 02/9/21 7:50 PM

(Видео) Зои и Жан покажаа како се љуби – Од нивната љубов може да учат многу луѓе

Во пресрет на Денот на вљубените раскажуваме за една необична љубовна приказна. Овој пат актерите не се луѓе, но според нивната реакција, би можеле да кажеме дека може да им позавидат многу луге.

Станува збор за љубовната приказна меѓу  Зои и Жан, мајмуни од јужноамериканскиот вид патаси, кои се родени во скопската зоолошка градина. Зои (8) и Жан (12) се долги години во љубовна врска, а плод на нивната љубов се постарото мајмунче Мајки и помалото, кое се роди на Божиќ и го доби името Христијан.

Тато љубоморен на бебето, ама мама го реши 😂❤️😍

Posted by Tina Mickovska on Friday, January 8, 2021

-Зои и Жан се пар, заедно се во живеалиштето и се однесуваат сопружници. Таа го има главниот збор. Таа си го чува бебето и многу е заштитчнички настроена. Навистина се сакаат, баш како и лугето се однесуваат. Не знам како е кога се во природа, но во живеалиштата си наоѓаат партнер и си живеат заедно. Тука се моногамни. Зои и Жан се баш семејство со две деца и колку и да звучи чудно постарото Мајки навистина се грижи за братчето. Се однесуваат како семејство, таа е заштитнички настроена кон мајмунчињата. Понекогаш таткото сака да го земе Христијан, но таа не му го дава, го тепа. Командантка е Зои. Можеби звучи смешно но навистоина се сакаат и постојано се бакнуваат и се гушкаат, ни рече Тина Мицковска, од Скопската зоолошка.

 

Фото: Игор Паневски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.