ММС

Објавено на: 02/9/21 9:00 PM

Напиток кој го зајакнува имуитетот – доволно е да пиете само една чаша во денот

Пандемијата со корона вирусот сè уште е во полн ек, а силниот имунитет е вистинска одбрана од овој вирус.

Телото најдобро се зајакнува со природни пијалоци, храна и витамини од овошје и зеленчук. Оваа комбинација на состојки има корисен ефект врз организмот и може да го зајакне имунитетот ако редовно се пие.

Потребни состојки

-20 грама ѓумбир
-3 лимони
-2 лажички мед
-четвртина лажичка мелен бибер
-чаша вода

Подготовка:

Излупете го лимонот исечете го на мали коцки и ставете го во блендер. Додадете рендан ѓумбир и вода. Измешајте сè добро, а потоа процедете го преку цедалка. На крајот, додадете го мелениот бибер и мед.

Чувајте го овој сируп во стаклена тегла, во фрижидер и пијте 30 ml измешани со 30 ml вода секој ден.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.