ММС

Објавено на: 02/9/21 8:00 PM

Занимливости за Денот на вљубените за кои не сте слушнале до сега

Овие занимливости за Денот на вљубените сигурно не сте ги слушнале до сега. На Денот на вљубените секоја година „паѓаат“ по 220.000 запросувања, најмногу честитки примаат наставниците и децата, а во САД се продава чоколадо во вредност од милијарда долари.

– Најпознатата теорија за Денот на вљубените потекнува од древниот Рим. Царот наредил неговите војници да не смеат да се оженат и верат, бидејќи војниците нема да се борат од срце, туку ќе гледаат да си го сочуваат животот. Сите свештеници решиле да ги почитуваат одлуките на царот, освен Валентин. Тој тајно венчал млади парови кои го сакале тоа, се додека власта не го фатила и фрлиле во темница. Според некои теории во затворот и напишал писмо на ќерката на чуварот и се потпишал „Твој Валентин“. Го погубиле на 14 февруари.

– Во викторијанско време ако напишете честитка за Денот на вљубените се сметало за несреќа.
– Речиси три отсто од сопствениците на домашни миленици за Денот на вљубените ги подаруваат своите кучиња, мачки, зајаци, канаринци…

– Секоја година се испраќаат милијарда честитки. Тоа е вториот најголем празник по број на испратени честитки.

– Денот на самците се слави ден после Денот на вљубените.

– Денот на самците е замислен како алтрнатива на Денот на вљубените, а пружа можност самците да го свалат својот соло статус или да сочувствуваат со другите.

– Во Финска наместо Денот на вљубените се слави Денот на пријателите.

– Девојките во средниот век јаделе бизарни јадења како би го сонувале идниот сопруг.

– Кралот Хенри VII 1537 година во Англија го прогласил 14. Февруари за Ден на Св.Валентин.

– Лекарите во 19. Век несреќно заљубените ги советувале да јадат чоколадо за да ја ублажат тагата.

– Ричард Кадбури ја направил првата бомбониера за Денот на вљубените на крајот на 19 век.

– Повеќе од 25 милиони бомбониери во облик на срце се продаваат за Денот на вљубените.

– Околу 73 отсто од луѓето кои купуваат цвеќе за Денот на вљубените се мажи.

– Речиси 15 отсто од Американките за Денот на вљубените сами себе си испраќаат цвеќе.

– За Денот на вљубените само во САД се купува чоколадо во вредност од една милијарда долари.

– Речиси 50 отсто од честитките се купуваат и до шест дена пред Денот на вљубените.

– Црвената ружа била омиленото цвеќе на римската божица на љубовта, Афродита.

– Црвената ружа се смета за цвеќе на љубовта, затоа што црвената боја симболизира силни романтични чувства и страст.

– Повеќе од 189 милиони ружи се продаваат во САД за Денот на вљубените.

– Од сите продадени подароци за Денот на вљубените речиси 85 отсто ги купуваат жените.

– Секоја година за Денот на вљубените „паѓаат“ по 220.000 запросувања.

– Секоја година италијанскиот град Верона, во кој „живееле“ Шекспировите Ромео и Јулија, прима илјадници писма адресирани на Јулија.

Извор: Opusteno.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.